
Во Неготино до 18.30 часот гласале 54.31 отсто од избирачите, сподели за МИА, Елизабета Камчева, претседателка на Општинска изборна комисија.
Во избирачкиот список, евидентирани се вкупно15.902 граѓани со право на глас, на 28 избирачки места, додаде Камчева.
На овие локални избори, пред неготинци се тројца кандидати за градоначалник и шест советнички листи, со кандидати за советници во Совет на Општина Неготино.