Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е против секоја инвестиција што носи развој, не можат да се помират со фактот дека Македонија се движи напред

Додека СДС и Венко Филипче денес се обидуваат да го проблематизираат развојот на дата центрите, јавноста треба да ја види суштинската разлика меѓу нивната и политиката на ВМРО-ДПМНЕ. СДС ја гледаа Македонија низ призма на политики како развојот на индустријата со марихуана кои отвораа простор за интереси на тесни кругови, додека ВМРО-ДПМНЕ денес отвора можности за инвестиции во технологии и индустрии кои се дел од иднината на светската економија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дата центрите се токму таква можност.

Станува збор за современа индустрија која е тесно поврзана со дигитализацијата, вештачката интелигенција и развојот на новите технологии. Македонија не смее да остане надвор од овие процеси.

Наместо да ја препознае можноста, Филипче повторно избира да напаѓа и да шири паника. Очигледно е дека не може да се помири со фактот дека Македонија конечно се движи напред.

СДС зборува за потрошувачка на електрична енергија и вода како аргумент против развојот, притоа занемарувајќи дека денес постојат различни современи технологии и решенија за функционирање и ладење на дата центрите, во зависност од нивната намена и големина.

Исто така, Македонија денес функционира како пазарна економија, со јасно утврдени механизми за снабдување и плаќање на електричната енергија.

Затоа, наместо да се создава непотребна паника, потребно е да се гледа што може да добие државата.
Нови инвестиции, нови работни места, развој на ИТ-секторот, ангажирање на домашни компании и можност Македонија да стане дел од глобалната дигитална економија.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи ниту еден проект да биде реализиран на штета на граѓаните, животната средина или природните ресурси. Сите конкретни инвестиции ќе ги исполнуваат законските и еколошките стандарди.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да привлекува инвестиции, да отвора нови индустрии и да создава услови Македонија да биде конкурентна, модерна и технолошки развиена држава, стои во соопштението.

Поврзани вести