Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: СДС држи пресови, а Филипче без мрежа по острови и јахти на едномесечен летен одмор

СДС наместо на одмор, денеска решија да држат прес-конференции, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мило ни е што ги разбудивме СДС од востановениот неделен одмор, но мора да сфатат дека суштината не е во лаги, конструкции, шпекулации и дезинформации – туку во аргументирана дебата.

Во надеж дека ќе ја научат таа лекција во годините што доаѓаат, останува задоволството што барем седнале да поработат малку.

Имаме само едно прашање: дали нивниот претседател Венко Филипче ги гледа овие прес-конференции и ги одобрува, или сè уште не можат да го најдат бидејќи на јахта по острови нема баш мрежа насекаде? А можеби кога ги одобрува тоа го прави заедно со Заев, со нивното заедничко „искуство“ и „бекграунд“ на тим кој ѝ донесе „живот“ на Македонија.

Прв ден отчетен саем на ВМРО ДПМНЕ, 8 часа одговори за сработеното, 40 отчети, 6 панел дискусии, околу 2.000 посетители, 4 години работа за тебе, решенија, дела, енергија, посветеност, градиме иднина.

Од СДС една голема нула.

Има разлика, а разликата ја прават работата, отчетноста и одговорноста!“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести