
ВМРО-ДПМНЕ им го честита Меѓународниот ден на трудот на сите граѓани.
Овој ден е симбол на борбата за работничките права.
ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на создавање нови економски политики кои ќе овозможат отворање на нови работни места, подобрување на стандардот и креирање општество во кое секој граѓанин ќе има можност за напредок и просперитет.
Нека овој ден биде поттик за сите, за продолжување на заложбите кон градење посилна поправедна и поуспешна Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ го оддава заслуженото признание на сите работници. Нивната посветеност труд и истрајност се темелот врз кој се гради иднината на Македонија.
Честит празник!, се вели во соопштението на партијата.