Skip to main content

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче „ударнички“ го одбележал 1 Мај од Рим, обвинувања за лицемерие

Венко Филипче е лицемер кој, според ВМРО-ДПМНЕ, не води сметка ниту за работниците ниту за државните интереси. Во денешното соопштение, партијата наведува дека лидерот на СДСМ празникот на трудот го поминал во Рим, патувајќи на релација Скопје–Франкфурт–Рим, информација што, како што посочуваат, ја објавиле медиумите.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека Филипче денес нема да одржи прес-конференција затоа што е на продолжен викенд, обвинувајќи го дека „од Рим мисли за Македонија“. Посочуваат дека немаат ништо против неговите патувања, но реагираат на, како што велат, обидите да се прикаже како загрижен за работниците, стандардот и иднината на државата, додека живее „џет-сет“ живот.

Партијата оценува дека „лицемер е мал збор“ за ваквото однесување.

Поврзани вести