Skip to main content

Владата ќе ги покрие трошоците за транспорт и сместување на семејствата чии најблиски се хоспитализирани во странство

Трошоците за транспорт и сместување на семејствата кои имаат повредени во трагедијата во Кочани, а кои се хоспитализирани во странство, ќе ги покрие Владата. Одлуката, како што изјави попладнево на прес-конференција владината портпаролка, МАрија Митева, ќе биде донесена на утрешната владина сендица.

Граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 070270370 за подетални информации и подобра координација.

Ги повикуваме сите семејства да ја искористат оваа линија за да можеме ефикасно како Влада да ја организираме поддршката што ним им е најпотребна. Ова е време на солидарност и за акција. Владата останува посветена да стои покрај секое засегнато семејство давајќи не само зборови за поддршка, туку и вистинска опиплива помош во најтешките моменти, рече портпаролката на Владата. 

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) преку соопштение изрази сочувство до семејствата на настраданите во страотната трагедија во Кочани.

Овој број е достапен за сите на кои им е потребна поддршка при организирањето транспорт и сместување во насока на обезбедување бесплатна, брза и ефикасна помош.  Во овие тешки моменти за семејствата на настраданите, веруваме дека поддршката од овој тип ќе им биде добредојдена како не би се соочувале со дополнителни трошоци и ресурси, наведоа од СОЗР. 

Поврзани вести