
Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), Ваљбон Лимани го оствари гласачкото право и гласаше на избирачкото место во ООУ „Единство“.
Денеска гласав со моето семејство. Ова изборен ден е, бериќетен со снег и се надевам дека ќе помине во мирна, фер и демократска атмосфера. Според нашите анализи кои сме ги направиле на крајот од изборниот ден се надевам дека ние ќе славиме“, изјави Лимани.

Тој е кандидат на НАИ на повторните избори исто како и во првиот круг на локални избори. Лимани имаше голема предност пред другите кандидати и заради недоволната излезност гласањето се повтори.

Македонски




