
Унгарски и регионални експерти бараат решенија за проблемот со индустрискиот отпад во Македонија Проблемот со индустриското загадување во Македонија е во фокусот на конференција што се одржува во Скопје во организација на Унгарската агенција за поддршка на извозот ХЕПА. Експерти од Унгарија и од регионот разгледуваат начини како да се искористат европските искуства во справување со отпадот и како најдобро да се применат во Македонија.
Се организира дводневен форум за стратегија за отклонување на опасниот отпад и ремедијација на депониите. Организиран е од канцелариите на ХЕПА во Скопје и во Приштина. Со помош на повеќе амбасади имаме еминентни членови од девет држави како лулка кои веќе 30-40 години се занимаваат со опасен отпад и компании кои веќе завршиле проекти за отстранување опасен отпад во Западниот Балкан. Очекуваме да дојдеме од предлози како да решиме еден сегмент од проблемот со опасен отпад во Македонија, изјави за “Република” Бојан Јанакиески од ХЕПА.
Унгарскиот експерт Балаж Морваи рече дека Унгарија примила големо искуство од Австрија, Германија и други европски држави, и сега со задоволство ќе го сподели со Македонија.
Унгарија беше во истата положба пред 20-25 години, поминавме низ истото. Тогаш во Унгарија дојдоа Австријците и Германци да не поддржат, со нивната технологија. Сега не само Македонија туку и целиот балкански регион е во истата положба. И сега ние се обидуваме да ги согледаме вашите проблеми. Нашата компанија конкретно има 30 годишно искуство во Унгарија и во Романија, па зошто да не го пренесеме тука?, рече Морваи.
Според него, за спроведување на ваквите проекти за отстранување на горливите еколошки проблеми поврзани со индустриските објекти важно е да се работи на сите нивоа, од локално и републичко до соработка со европските фондации кои може да дадат поддршка за вакви проекти.