Skip to main content

Трендафилов е политичка марионета на СДСМ, ДУИ и Левицата

Слободан Трендафилов со плата 3-4 пати поголема од минималната е единствениот синдикалец на светот кој е против поголеми плати за работниците и е политичка маша на СДС, ДУИ и Левицата. ССМ и Слободан Трендафилов одбиле 40 отсто покачување на платите во следните 2 години на штета на работниците, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално.

Слободан Трендафилов како прв синдикалец не застана во одбрана на работниците.

ССМ и Трендафилов не го поздравија досега ниту еднаш колективниот договор во образованието и здравството ниту, пак, ги поздравија зголемените плати во МВР, Министерство за одбрана и во центрите за социјална работа.

Трендафилов е политичка марионета на СДС, а доказ за тоа е што договорот што тој лично заедно со ексминистерката за труд и социјална политика, а сегашна потпретседателка на СДС, Јованка Тренчевска, го потпишале е истечен, со што се отвора можност за нов колективен договор за кој Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предлага административните службеници да добијат 40 % повисоки плати за 2 години.

Иако Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ понуди конкретно и јасно решение, 40 % зголемување на платите на административните службеници во следните две години преку нов колективен договор, ССМ и Слободан Трендафилов одбија да го прифатат предлогот оставајќи ги работниците без повисоки примања.

Одбивањето да се потпише нов колективен договор, иако стариот е истечен, јасно покажува дека кај ССМ нема волја за подобрување на стандардот на работниците.

Трендафилов е политичка марионета на СДС, ДУИ и Левицата.

Поврзани вести