Skip to main content

Трајче Заев му ги продаде сите свои акции во „Герас Цунев“ на својот братучед Вице Заев

Трајче Заев му ги продаде сите свои акции во двете струмички компании со предзнак „Герас Цунев“ на својот братучед Вице Заев, кој, пак, како што е познато, е брат на поранешниот премиер Зоран Заев, пренесува „Фактор“.

Трајче Заев

На овој начин Вице Заев, односно неговата компамнија ДГИ „Тотал“ од Струмица, станува речиси целосен сопственик и на „Герац Цунев Конфекција“ и на „Герас Цунев Трговија“.

Вице Заев

Берзата ги објави двете решенија на Комисијата за хартии од вредност, со кои се утврдуваат како успешни понудите дадени од „Тотал“ до сите преостанати акционери на двете струмички компании, за нивно целосно преземање, а за кои тој нудеше цена од 310 денари по акција.