Skip to main content

Тошковски: Припадници на МВР влегуваат од куќа во куќа во Трубарево и кажуваат дека треба да ги напуштат

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски на вечерашната прес конференција рече дека се евакуираат најзагрозените жители на Трубарево кои се блиску до објектот кој изгоре.

„Припадници на МВР од куќа во куќа влегуваат и им кажуваат дека треба да ги напуштат. Најризичен периметар се на 150 метри од местото на пожарот. Веднаш се упативме кон домовите на луѓето. Министерството за здравство даде препораки за вакви кризни ситуации“, изјави Тошковски.

Министерот објасни дека на 150 метри од огништето е утврдено високо ниво на опасност. „Од 150 до 200 метри е средно ниво на опасност.

Од 200 до 400 метри е ниско ниво на опасност. Над 400 метри не се утврдени загадувања кои би биле штетни. Тоа се информациите кои ги добивме“, додаде министерот.

Поврзани вести