Skip to main content

Странски медиум го пренесува погребот во живо, МВР одма побара да прекине – но продолжи!

Странски медиум во живо го пренесува погребот од Кочани и покрај апелот на родителите, семејствата и институциите, тоа да не се прави. Додека ги носат ковчезите еден од странските медиуми непрестранато врши емитување.

Веднаш имаше реакција од Министерството за внатрешни работи, кои отидоа до медиумските екипи и кажаа дека има замолница од семејства, да се престане со преносот во живо.

Но и покрај ова, продолжија да го прават истото.

Името на медиумот не го споделуваме, ниту линкот – со цел истиот да не се шири.

ЗНМ потсетува дека известувањето од денешниот погреб мора да биде во согласност со претходно утврдениот протокол и со основните принципи на професионалната етика. Објавувањето на фотографии и видеа со гробни места, блиски членови на семејствата и приватни моменти претставува директно кршење на препораките за етичко известување и нарушување на достоинството на засегнатите лица. Ги повикуваме оние неколку медиумски работници и редакции кои отстапуваат од протоколот, да покажат почит и одговорност, да не објавуваат содржини што можат да предизвикаат дополнителна болка и да се придржуваат кон стандардите на етичко новинарство. Новинарството е во служба на јавниот интерес, но никогаш на сметка на човечкото достоинство, стои во апелот на ЗНМ.