Skip to main content

Стојаноска: Бранислав Светозаревиќ е икона на македонштината, на македонските корени, на македонската историја

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во општина Тетово се обрати Дафина Стојаноска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка во Собранието.

Носителот на советничката листа од ВМРО-ДПМНЕ, проф. Бранислав Светозаревиќ е икона на македонштината, на македонските корени, на македонската историја. Горда сум и јас што имам можност да ви се обратам и кажам за Бране достоен да ја предводи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово, за Бране македонската легенда – рече Дафина Стојаноска.

Таа истакна дека носителот на листата има огромна улога и огромна чест и дека ќе сработи со задоволство и со срце за Тетово и за Македонија.

Оваа листа ќе биде јангласната и најактивната во Советот на Тетово, потенцира Стојаноска.

Поврзани вести