Skip to main content

Стејт департмент: Македонија добро се справила со терористичките закани во 2023 година

Македонија во 2023 година направила напредок во борбата против тероризмот со усогласување на стратешките документи со законодавството на ЕУ и меѓународните стандарди, зајакнување на капацитетите за истрага и гонење кривични дела поврзани со тероризам, како и размена на информации за спречување на радикализација на насилството и напредок во реинтеграцијата на повратници од воените зони, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот.

– Владата во мај усвои национални стратегии за контратероризам и спротивставување на насилниот екстремизам со соодветни акциски планови кои се фокусираат на превенција на онлајн радикализација кон насилство, „десничарски екстремизам“, реинтеграција, потреба од специјализирани обуки за полицајци и социјални работници, и ажурирани стратешки приоритети, вклучително и воспоставување база на податоци за повратници. Македонија соработуваше со напорите на САД за контратероризам, вклучително и рана детекција, се вели во извештајот.

Стратегијата, како што се поосчува, беше финализирана со поддршка од експерти на Европската комисија.

Се наведува дека главните терористички закани во земјава се главно поврзани со „претходно репатрирани странски терористички борци од Сирија и Ирак, како и со домашен екстремистички тероризам“.

-Националниот комитет за спротивставување на насилниот екстремизам и тероризмот процени дека 143 граѓани на Македонија (исклучувајќи деца) патувале или се обиделе да патуваат во Сирија или Ирак за да се приклучат на терористички групи во изминатите години. Од овие 143 возрасни (133 мажи, 10 жени), се верува дека само четворица останале во камп за раселени лица во североисточна Сирија. До крајот на 2023 година, Македонија репатрираше 19 раселени и 11 задржани државјани од североисточна Сирија. Македонските власти го проценија нивото на терористичка закана како „средно,“ имајќи ги предвид војната во Украина, развојот на настаните на Блискиот Исток и присуството на поранешни членови и симпатизери на „Исламска држава“, стои во извештајот.

Во 2023 година во земјава не биле пријавени терористички инциденти.

Во врска со законодавната рамка на Македонија се истакнува дека таа овозможува гонење на осомничени и соучесници во терористички активности или лица кои учествуваат во странски војни. Казните за кривични дела поврзани со тероризам значително се подобриле во споредба со претходните години и со други земји од Западен Балкан. Министерството за правда на САД обезбеди менторство и докази од бојното поле за случаите на кои работеле обвинители и истражители.
Апелацискиот суд во Скопје лани во јуни ја зголемил казната на странски терористички борец репатриран во 2021 година за ширење пропаганда на „Исламска држава“ од шест на осум години затвор. Во август, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција поднесе обвиненија против двајца такви борци за учество во непријателска армија.

Во извештајот се посочува дека Македонија е член на MONEYVAL и нејзината Финансиска разузнавачка единица е член на групата Egmont. Во 2023 година, оваа единица поднесе шест извештаи за сомневање за финансирање на тероризам до надлежните органи. Замјава продолжила со учеството во спроведувањето на Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан за контратероризам и ја зајакна соработката со Europol и Eurojust.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom giriş