
Сопругата на премиерот, Рози Мицкоска, денеска се приклучи на тимот волонтери во црковно-народната кујна „Свети Спас“ во Лисиче.

Таа и останатите волонтери подготвуваа оброци за социјално загрозените граѓани и се фарбаа велигденски јајца во пресрет на велигденските празници.

На тимот волонтери се приклучија и пратеникот Бојан Стојаноски и градоначалникот на општина Аеродром Дејан Митески.
