Skip to main content
Јавна кавга меѓу градоначалникот на Кавадарци и пејачот Спасен Силјановски

Силјановски до Јанчев: Каков е тој Тиквешки гроздобер без ниту една тиквешка песна, без ниту еден македонски фолк изведувач

Facebook / Spasen Siljanoski Vtor Profil
Facebook / Spasen Siljanoski Vtor Profil

Преку медиумите и на социјалните мрежи се одвива „жестока“ препирка меѓу градоначалникот на Кавадарци и пејачот Спасен Силјановски.

Конфликтот настана откако Општина Кавадарци и градоначалникот Јанлев, ја објавија програмата за манифестацијата „Тиквешки гроздобер“.

Тиквешки Гроздобер 2025
Најголемата национална стопанско – туристичка и културна манифестација!
Фестивалот на виното и традицијата 🍇🍷
Кавадарци
05 – 07 септември 2025
Подготвени ли сте за три денови исполнети со:
Македонска музика и нашите: Трио Мањифико, Акустико Лајт и Акустико
Богата гроздоберска трпеза
Тајни вински дегустации
Традиционален карневал
Олдтајмери и мото рели
Детски фестивал
„Гроздоберче“
Настапи на: DJ Oky Doky, Тајзи, Куку Леле, Либеро Бенд, Андријана Петрушовска, Наташа Беквалац, Харис Џиновиќ, Теодора Џехверовиќ, Марија Шерифовиќ.
Програма која ја спојува традицијата со модерното, локалното со регионалното – но, секогаш со срце македонско 🇲🇰
Со ритам тиквешки, да го славиме нашиот Гроздобер!
Не заборавај да ја понесеш најубавата насмевка и да го споделиш моментот со нас!
Тиквешки Гроздобер 2025 – каде што виното зборува, а музиката обединува!
Да наздравиме за плодна година, богата берба и убави спомени!
Ве очекуваме во нашето Кавадарци! ❤️

На таквата објава реагираше Силјановски, кој јавно го изрази своето незадоволство што на една ваква манифестација нема одвоено место за локални изведувачи, а наместо тоа предност им се дава на балкански музичари.

РОШТИЛИДАЈА – ЛЕСКОВАЦ или ГРОЗДОБЕР-КАВАДАРЦИ⁉️
Во која држава се наоѓа Кавадарци???
Во која држава е градоначалник Јанчев?
Во која држава зрее Грозјето?
Во која држава ќе се одлеат стотици иљади евра за музичките изведувачи од овој настан ???
……И повторно не сакам да бидам разбран дека се борам за себе. Неее, никогаш. Се борам за нашата култура и традиција.
Па замислете бе луѓе каков е тој Гроздобер без ниту една Тиквешка песна. Гроздобер без ниту еден Македонски фолк изведувач. Гроздобер без кралевите на Тиквешката музика како Анѓел Џамбазот и останати….. Мислев дека нема подолу од дното ама еве имало…И некогаш се прашувам сам себе, па штом само јас се бунам изгледа не сум во право, можеби така треба, сите молчат па ваљда не сум јас најпаметен 🙄. Простете ако грешам.
П.с. Единствено сум среќен што знам дека оние прави Македонци од Кавадарци ќе се соберат „Кај Буки“ и ќе уживаат во песната на Џамбазот и Дулот
, коментира Силјановски.

По ваквата реакција на пејачот, преку медиумите му одговори Јанчев, кој порача дека Тиквешки грзодбер во Кавадарци во иминативе години прераснал во настан кој станува популарен ширум Балканот и кој е посетен од десетици илјади гости. Јанчев додава дека не станува збор само за локална забава со изведувачи кои можат да се слушаат речиси во секој локал, во градовите во земјава, туку за манифестација на која доаѓаат изведувачи кои се ѕвезди во вистински смисол на зборот.

Нека повели пејачот кој го стави на исто рамниште гроздоберот со ,,роштиљада” и да каже во кој дел од програмата би се вклопил, а што е уште поважно, колку публика би донел во градот? Од каде би била таа публика, со оглед на тоа што на настанот во годините наназад доаѓаат гости не само од цела Македонија, туку и од соседни земји?

И да му укажам, бидејќи очигледно не е доволно информиран, сите кавадаречки музичари кои ги спомнува, гостуваат не само на овој, туку и на секој гроздобер кој се одржал во минатото и секогаш биле максимално испочитувани од општината, бидејќи ние во Кавадарци знаеме како да го цениме и поддржиме своето.

Не само локалните музичари, туку секоја година доаѓат и пејачи од други градови од Македонија. Тиквешки гроздобер не е само една голема сцена, има настапи и на помала сцена и секој настапува таму каде знае дека може да исполни капацитет.

Кога сме кај големата сцена на која годинава ќе настапи српската еворвизиска победничка Марија Шерифовиќ, и за време на чиј настап се очекуваат најмалку 50.000 посетители, нека одговори пејачот дали тој може да гарантира дека ќе донесе барем една петина од таа бројка. Затоа што гроздоберот не е само настан за забава, туку има огромно значење и од економски аспект, колку поголема ѕвезда доаѓа, толку поголем број на гости имаме, и со тоа се поголеми и економските придобивки на нашите граѓани, вели градоначалникот Јанчев.

Тој потсетува и дека и во Македонија има големи музички ѕвезди кои гостуваат на манифестации во регионот и таму ги полнат плоштадите.

Затоа и постои епитетот музичка ѕвезда и не може секој да го носи. Кога за настап на некој музички гостин дури и се организира превоз од други градови, кога доаѓа река од народ од сите краеви, а на плоштадите нема место да се фрли игла, недостојно е да се потценуваат тие ѕвезди со евтини, наводно патриотски приказни кажани поради чист популизам. Уште еднаш го повикувам пејачот кој се дрзна да ја навредува традиционалната кавадаречка манифестација, да дојде во општината и да ми даде одговор на прашањата кои еве и јавно му ги поставив, изјави Јанчев.

На таквите изјави на Јанчев, пак, не остана должен Силјановски, кој во видео обаќање на социјалните мрежи му одговори на првиот човек на Кавадарци за како што вели „тоа што се обидел на понижувачки начин да го оваломажи него лично, како и македонската естрада“.

Поврзани вести