
Посетата на претседателката на Индија Друпади Мурму е важен исчекор во проширувањето и зајакнувањето на билатералната соработка, напиша на Фејсбук претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата со нејзината индиска колешка во Вила Водно.
Со огромна чест ја пречекав Друпади Мурму, прв претседател на Република Индија, којшто престојува во официјална посета на македонската држава. Разговаравме за македонско-индиските односи, со акцент на можностите за соработка во економијата, образованието, науката, културата, туризмот, здравството и дигиталната трансформација. Заедничкото хумано наследство на Света Мајка Тереза, како и искуството од Движењето на неврзаните, се цврсти темели на новата ера во македонско-индиските односи, вели претсеадтелката Сиљановска Давкова.

Македонски


