
СДС пишуваат беседи по социјалните мрежи, а за да ги пренесат медиумите и портали во насловот додаваат – Мицкоски.Овој роман денес напишан од страна на СДС, којшто нема никаква поента туку колку да имаат нешто напишано граѓаните не ги интересира, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните напротив, ги интересираат двете градинки кои ги отвори претседателот овие два дена, пензиите и платите кои ќе се зголемат во март, борбата против криминалот и корупцијата, достоинственото претставување во Европа, како и реформите кои следуваат оваа година.

На СДС им порачуваме наместо да стануваат писатели и поети, да земат да се реформираат.
П.С. Се врати ли Венко од скијање или на плажа во Дубаи е?прашува партијата.

Македонски





