Skip to main content

Само Мицкоски аплаудираше на говорот на потпретседателот на САД во Минхен, вели водителката на Си Пак

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати на конференцијата CPAC – големиот десничарски настан кој се одржува во Вашингтон, а на кој годинава ќе се обрати и претседателот Доналд Трамп, а веќе се обратија потпретседателот Џеј Ди Венс, спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, голем број претставници на администрацијата на Трамп, странски државници и водечки десничарски коментатори од САД.

Мицкоски беше интервјуиран од политичката коментаторка Кеј Ти Мекфарланд, која беше заменик советник за национална безбедност во првиот мандат на Трамп. Премиерот Мицкоски истакна дека Македонците во САД силно го поддржале реизборот на претседателот Трамп, како традиционални и семејно ориентирани гласачи. Мекфарланд возврати дека премиерот Мицкоски бил единствен меѓу европски водачи кој позитивно реагирал и аплаудирал за време на обраќањето на потпретседателот Венс на Минхенската Безбедносна Конференција. Тоа беше историски настан, според моето скромно мислење.

Публиката со аплауз ја награди забелешката на водителката на интервјуто кога забележа дека токму премиерот Мицкоски бил единствениот на Минхенската мировна конференција којшто аплаудирал на говорот на американскиот потпретседател Венс.

За мене тоа беше историски настан и според моето скромно мислење, може некои европски политичари ќе ми се налутат, тој негов говор беше многу инспиративен. После говорот дел од публиката го критикуваа сметајќи дека тоа на некој начин е мешање во внатрешните работи на суверени држави“, забележа Мицкоски.

Поврзани вести