Skip to main content

Розенкранц: Да не се дозволи билатералните прашања да застанат на патот, Шведска ќе ви биде поддржувач

 Многу е важно да се фокусирате на тоа што сами можете да го сторите, да ги спроведете навистина потребните реформи, оти конечно, тоа е она на што се сведува, реформи во судството, фундаментите, или нешто друго многу важно. Значи – продолжете! Мојата порака генерално е дека не сакаме билатерални прашања да застанат на патот на процес што се базира на мерит, порача шведската министерка за Европа Јесика Розенкранц во интервјуто објавено вечерва во „Агенда 35“ на МТВ 1.

Низ историјата сме виделе дека билатералните прашања некако наоѓаат и решение, на тоа мора да се работи конструктивно, но конечно повторно процесот се враќа на реформите што треба самите да ги направите. Шведска ветува дека ќе ви биде поддржувач и од наша страна ќе сториме се што можеме за да ви помогнеме, подвлече Розенкранц.

Мојата порака, како што истакна, е многу јасна – да не се дозволи билатералните прашања да застанат на патот.

Она што ние го туркаме исто е еден полесен процес во проширувањето. Се разбира дека сите земји треба да се согласат за да прифатат нови членки, на крајот. Но, секоја одлука за отворање на некое поглавје, затворање на некое поглавје, отворање или затворање на кластер, за тоа мислам дека треба да одиме од консензус кон она што го нарекуваме гласање со квалификувано мнозинство, за да се направи процесот поедноставен. Знам дека тоа е нешто што и Комисијата го разгледува, оти во спротивно, ќе добиете една несреќна ситуација, оти мислам дека се сто или сто и педесет одлуки за секоја земја во процесот на пристапување, рече Розенкранц.