
Претседателката на Антикорупциска Татјана Димитровска поднела оставка утрово во Собранието, потврди за Телма нејзиниот адвокат Владимир Туфегџиќ. Во оставката се повикува на чл. 14 став 1 алинеја 1 од Законот за спречување на корупција и нема друго образложение.
Оставката следува една недела откако Обвинителството за гонење организиран криминал и поднесе обвинение за две кривични дела.
За оддавање службена тајна на ексдиректорот на ТЕЦ Неготино Небојша Стојановиќ, подоцна обвинет во „Адитив“ и за компјутерски фалсификат затоа што ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тестот за сертификат за државна тајна.