
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Брвеница, при што ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата „Коста Рацин“ во село Брвеница.
Проектот е финансиран од Владата, во вредност од 9.211.939 денари.
Потоа, како што информираат од владината прес-служба, Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на улицата од потегот Алумина до Домот во село Милетино, каде што е предвидено да даде изјава за медиуми.
Проектот опфаќа целосно асфалтирање на улицата, од кој дел е финансиран од Владата во вредност од 5.425.315 денари, а другиот дел е финансиран од буџетот на Општина Брвеница. во вредност од 11.000.000 денари