Skip to main content

Поранешната претседателка на Антиорупциска за сегашната: Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудуцирам

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска се огласи по веста дека е уапсена првата антикорупционерка Татјана Димитровска.

Како што вели, има многу непријатно чувство во неа, бидејќи станува збор за човек со кој што потекнуваат од иста институција – ДЗР каде што особено внимание се посветило на меѓународните стандарди за етичко однесување и интегритет.

„Тоа било нешто како „Оче наш…“, вели Ивановска.

Таа додава дека ѝ е тешко и за реномето на институцијата.

„Вистината е како шило, верувам дека ќе излезе на површина, не сакам ништо да прејудуцирам. Собранието ги избира кандидатите за членови на Комисијата и треба да го зајакне својот надзор врз работењето на овие независни тела. При изборот искоментирав дека, бидејќи сите интервјуа се снимаат, одредени членови на Комисијата за селекција имаат забелешки во одредени прашања и одговори на кандидатите, зошто тогаш таа Комисија не ги повтори снимките па да се увери дали членот од невладиниот сектор бил во право или не и да се тргнеше сомнежот. Во услови кога имаме снимки и можеме да си докажеме сомнежите…Сега само можеме да чекаме што ќе каже истрагата и дали претседателката од морален аспект ќе си поднесе оставка“, рече екс-шефицата на Антикорупциска во емисијата „Вин-вин“.

Поврзани вести