Skip to main content
hCznf3-NgH8

Петрушевски: ЈО, Коцевски и обвинителите бирани во Струмица и Зајас 6 месеци не мрднаа со прст, затоа довербата во правосудството е 2%

Љупчо Коцевски како шеф на ЈО повеќе од 6 месеци имаше можност да почне да си ја работи работата за која е платен од граѓаните. А тој не мрдна со прст. 6 месеци Љупчо Коцевски не отвори ниту еден случај, а обвинителите бирани во Струмица и Зајас кои чудно се разболуваат кога треба да постапуваат наместо да ги суспендира, тој ги брани, изјави Бране Петрушевски пратенит од ВМРО-ДПМНЕ.

6 месеци ЈО ја опструира правдата. Обвинителите наместо да соработуваат со институциите бараат начин како да ескивираат.

Обвинителите бирани во Струмица и Зајас, на кои им се влошува здравјето кога ќе треба да гонат криминал, се причина зошто довербата на граѓаните во правосудството е 2%.

Љупчо Коцевски, како шеф на ЈО е директно одговорен за неработата на ЈО и очигледниот заштитнички однос на одредени обвинители кон криминалците дел од поранешната власт.

Го повикуваме Републичкиот јавен обвинител во најбрз можен рок да почне со постапување по закон“, потенцира Петрушевски во изјавата.

Граѓаните очекуваат правда, и владеење на правото, а не изговори – изјави Бране Петрушевски.

Поврзани вести