Skip to main content

Петрушевска: Само на СДС и ДУИ не им беше јасна намерата на Бугарија

Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во емисијата ,,За или против“ на телевизија Алфа. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ алармираше и претходно и сега за актуелните случувања во Европскиот парламент, што ја засегаат земјава, и додаде дека на сите им беше јасна тенденцијата на источните соседи освен на СДС и ДУИ.

„Се чини дека на сите им беше јасно но само не и на СДС и ДУИ за тенденцијата на нашиот источен сосед кога станува збор за ова билатерално прашање и каде тоа нас не води односно каде тоа не не води. Денеска сведочевме дека европратеникот од Бугарија господинот Ковачев соопшти на јавноста дека е постигнат договор помеѓу најголемите политички партии во европскиот парламент во пресрет на сесијата на Европскиот парламент  која што ќе се случи веќе наредната недела за нов амандман, со кој што ќе се избришат постоењето на македонскиот јазик во извештајот на известувачот Томас Вајц на сите места каде што се споменува“, рече Петрушевска.

Петрушевска истакна дека според актуелните случувања, уште еднаш се потврдува кредибилтетот на ВМРО-ДПМНЕ, што според неа, партијата алармираше уште за време на опозицијата, а и сега како парламентарно мнозинство.

„Прво, се поставува денес прашање, дали во континуитет со однесувањето на Бугарија на нашиот источен сосед и на Комисијата за надворешни работи, и сега со новонајавеното соопштение за новиот амандман во Европскиот парламент. Не се прекршува темелот на основање на ЕУ а тоа е договорот на ЕУ, односно член 2 и второ, уште еднаш се потврдува кредибилитетот на ВМРО-ДПМНЕ кога алармиравме и како опозицијата но и сега како парламентарно мнозинство9 и влада дека Бугарија нема да запре со барањата за вметнување на тестот и на Бугари во Уставот“, кажа Петрушевска.

Поврзани вести