Skip to main content

Петар Богојески заминува од Еразмус, ќе одел на друга функција

Петар Богојески заминува од директорската позиција во Националната агенција за европски образовни програми и мобилност откако за тоа постигна договор со премиерот и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Во објавата на неговиот профил на Фејсбук Богојевски наведе дека вчера остварил средба со Мицкоски согласно на одлуката на Претседателството на неговата партија Македонски концепт.

Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.

Инаку, на средбата Богојески и Мицкоски ја потврдија добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија” и дадоа позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата.

Прво, потврдена е добрата соработката во рамки на Коалицијата “Твоја Македонија”.
Второ, дадена е позитивна оценка за досегашното функционирање на Владата на Коалицијата со назнака за дополнителен фокус во одредени подрачја од политичките приоритети.
Трето, договорен е заеднички настап на следните Локални избори 2025 година, при што споделено е убедување во голема победа.
Четврто, договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција.
Македонски Концепт ги достави своите сугестии за програмските приоритети на Владата за наредната година, за што јавноста ќе биде навремено информирана, информираат оттаму .

Поврзани вести