
Златко Перински, министерот за локална самоуправа, заедно со премиерот и претседател на Владата Христијан Мицкоски, членовите на Извршниот комитет и потврдените кандидати за градоначалници на покана од Konrad-Adenauer-Stiftung и Центарот за аналитика „Љубиша Георгиевски“, беше дел од обуката насловена „Силни заедници, силна иднина: Како Владата и Собранието ја поддржуваат одржливата локална политика“.
Учествував како говорник на панелот „Обединети сили за локално влијание“, каде што дискутиравме за важноста од ефективна соработка меѓу Владата, Собранието и општините, со цел подобро да се одговори на реалните потреби на граѓаните. Убеден сум дека со обединети сили, знаење и јасна визија можеме да создадеме силни и одржливи општини, кои ќе бидат двигател на идниот развој на нашата држава, смета Перински.