Skip to main content

Памер: Македонија ја има најдобрата реформска агенда во Западен Балкан и најдобро ја спроведува

Фото: Österreichische Botschaft Skopje/Austrian Embassy Skopje

Македонија ја испорачува најдобрата реформска агенда во Западен Балкан, оценува австрискиот амбасадор Мартин Памер. Според него граѓаните треба да бидат оптимисти, бидејќи Владата посветено работела на евроинтеграциите. Од конференцијата на Академијата за европска интеграција именувана „Патот на Макеодонија до ЕУ: Предизвици и можности“ Памер кажа дека Македонија веќе оди кон Унијата, трае скриниг процесот, следно е одржувањето на втората меѓувладина конференција, со што би започнал преговарачкиот процес. Очекува уставните измени да се спроведат во услови на добра волја.

-Македонија беше првата држава од Западен Балкан што ја испорача реформската агенда за планот за раст на Западен Балкан и тоа всушност беше најдобриот план. Тој е сеопфатен добро развиен, што ниту една земја во регионот досега не успеа да дојде до тоа, изјави Памер.

Македонската Влада е подготвена да го вложи целокупниот човечки и институцинален потенцијал за да стане дел од европското семејство, но дека веќе сме изморени од ветувања и условувања преку кои не се поминува, порача заменик министерката за европски прашања Викторија Трајков. Вели и дека активно се работи на спроведување на реформската агенда, а тоа го покажуваат и финансиските средства кои ги добиваме од Европската Унија за спроведените реформи.

-Ние посветено работиме на европската агенда, односно Европската унија е единствениот стратешки пат кои што ние треба да го изодиме, затоа сме доста посветени не само како Министерство за европски прашања, туку и останатие институции, за да ја реализираме реформската агенда. Она што е многу важно е дека досега добро напредуваме, тоа ги покажа и оние транши кои ги добивме по реализацијата на одредени реформи, изјави Трајков.

Внатрешните реформи пред се во владеењето на правото се меѓу најважните за еворпскиот напредок, порача основачот и претседате на Меѓународниот одбор на Академијата за европска интеграција, Габриел Лански

-Треба да се фокусираме на можностите и треба да се обидеме тешката работа да ја направиме возможна, дека вашето место е во Европа, во Европската Унија и дека тоа нема да е бенефит само за вашата земја, туку бенефит и за Европската Унија да ве има во клубот, изјави Лански.

Пречка на патот на Македонија кон ЕУ во мометнов се Бугарските условувања. Ставот на македонската Влада во однос на овој спор е јасен, уставни измени се прифатливи со одложено дејство, односно при ратификацијата на членството во ЕУ, со цел да се спречат можни уцени од Софија низ преговарачкиот процес.

Поврзани вести