Skip to main content

Овации за Мицкоски во Вашингтон: Македонија на фронтот против илегалната миграција и силна поддршка за Трамп

Мицкоски истакна дека Македонија е на „линијата на фронтот“ во борбата против илегалната миграција, потенцирајќи дека неговата влада е посветена на заштитата на државните граници и европската стабилност.

-Како мала, но горда држава, Македонија презема активна улога во спречувањето на нелегалниот прилив на мигранти, бранејќи ги не само своите интереси, туку и интересите на цела Европа, порача Мицкоски.

Осврнувајќи се на политичките процеси во САД, тој нагласи дека Македонците во Америка силно ја поддржуваат кандидатурата на Доналд Трамп. „Нашите луѓе во САД знаат што значи лидерство и стабилност – затоа се за Трамп, истакна премиерот.

Мицкоски направи и паралела меѓу политичката ситуација во Македонија и САД, нагласувајќи дека како и Трамп, и неговата влада извојувала убедлива победа со големо мнозинство. „Граѓаните ја избраа промената, ја избраа Македонија која е силна, стабилна и со јасна визија за иднината, додаде тој.

Говорот на Мицкоски беше пречекан со овации од присутните, потврдувајќи го неговото влијание на меѓународната политичка сцена и значењето на Македонија во глобалните политички текови.

Поврзани вести