
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе распише јавен оглас за именување на нов претседател и член на ДКСК, по оставката на функцијата на Татјана Димитровска и ќе изврши избор на Народен правобранител.
Изборот на нов претседател на ДКСК би можел да се поклопи со распишувањето на локалните избори на 8 август, а претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски вели дека ќе се бара мислење од ДКСК за пречекорување на овој датум.
– Важно ни е да го почитуваме законот, но исто така сакаме ДКСК да има претседател бидејќи во октомври има локални избори – потенцира Сајкоски.
Комисијата утре треба да донесе предлог-одлука за избор на нов Народен правобранител, за огласот кој заврши во саботата, а на кој се пријавиле 17 кандидати.
СПИСОК СО ПРИЈАВЕНИ КАНДИДАТИ ЗА ИЗБОР НА НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ:
1.Илбер Руфати од Кичево, дипл.правник и магистер по правни науки
2. Мухамед Ходаи од Тетово, дипл.правник со положен правосуден испит,
3.Аљбан Кардиу од Тетово, дипл.правник , магистер со положен
правосуден испит,
4.Миле Арсениевски од Скопје, дипл.правник со положен правосуден испит
5.Светислав Јовановски од Куманово, дипл. правник
6. Фатон Сељами од Тетово, дипл.правник, магистер по правни науки со положен правосуден и нотарски испит.
7.Шемши Салаи, од с. Добри дол. Општина Врапчиште, дипл.правник и
магистер по правни науки
8.Фехми Стафа од Скопје, дипл.правник со положен правосуден испит и нотарски испит
9.Доан Сулејмановски од Прилеп, дипломиран правник и магистер по казнено право со положен правосуден испит,
10. Николче Петковски од Скопје, дипломиран правник специјалист по правни науки со положен правосуден испит,
11. Феузи Џафери од Гостивар, дипломиран правник и магистер по дипломатија, адвокат
12. Дритон Небиу од Скопје, дипломиран правник и магистер по човекови права и демократија
13.Шпенд Фидани од с. Добр Дол, Општина Врапчиште, дипломиран правник и магистер по казнено право со положен правосуден и нотарски испит
14. Фатмир Емрулау од с. Стрелци, Кичево, дипломиран правник со положен правосуден испит и работи како адвокат во сопствена адвокатска канцеларија
15. Илир Рамадани од Кичево, дипломиран правник и магистер по правни науки
16. Емран Исмаил, дипломиран правник и магистер по меѓународно право со положен правосуден испит и
17. Фадил Џелили, дипломиран правник и магистер по правни науки со положен правосуден испит, работи како адвокат