Skip to main content

Откако од луѓе слушнал дека во Македонија тешко се живее, Филипче сега е засекиран за договорот со Велика Британија

 Опозициската партија СДСМ не е запознаена со детали за договорот со Велика Британија. Нашите прашања се логични и легитимни. Не знаеме на колкав рок се земени тие пари, колкава ќе биде каматата. Нашите пресметки се дека силно ќе биде оптеретен јавниот долг. Тоа денеска го посочи партискиот лидер Венко Филипче, одговарајќи на прашања на медиумите во Охрид, каде присуствуваше на Свечената академија одржана по повод Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

– Практично со тоа се задолжуваат повеќе следни генерации. Министерката за финансии нема одговор на тие прашања. Еднакво е неодговорно и да не знае и доколку ги крие. Сметам дека со овој кредит за кој не знаеме никакви детали, оваа Влада воведува данок на иднината, рече Филипче.

Поврзани вести