Skip to main content

Околу 64 отсто од граѓаните се против уставните измени

Илустрација

Вкупно 64 проценти од граѓаните сметаат дека владејачкото мнозинство не треба да прифати внесување на Бугарите во Уставот дури и по цена на повторно одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија, додека 45 отсто сметаат дека Владата ќе го надмине спорот со Бугарија, покажува најновото истражување кое за емисијата „Детектор“ го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).

Поделено според етничката припадност на испитаниците дури 82 проценти од испитаниците Македонци велат дека не треба да се внесат Бугарите во Уставот додека кај испитаниците Албанци 56 проценти даваат поддршка за промена на Уставот.

Вкупно 45 проценти од испитаниците веруваат дека Владата ќе го надмине спорот со Бугарија и ќе ги почне преговорите со Европската Унија што е за три проценти повеќе од истиот одговор даден лани. Сепак 30 проценти од анкетираните граѓани сметаат дека спорот нема никогаш да се реши, а само 7 проценти сметаат дека до решение ќе се дојде до крајот на оваа година.

Доколку земјава добие дополнителни гаранции, 41 процент од граѓаните сметаат дека треба да се пристапи кон промена на Уставот додека 43 проценти од испитаниците велат не.

Висок процент на иститаници дури 50,5 сметаат дека новата американска администрација може да помогне да се дојде до прифатливо решение меѓу Скопје и Софија.

Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе ИПИС со телефонска анкета спроведена од 1 до 4 март оваа година на репрезентативен примерок од 1050 испитаници од целата држава.

Поврзани вести