Јавното обвинителство ги потврди пишувањата за „Република“ дека Дрин Ахмети бил во Обвинителството за да даде исказ. Оттаму објаснуваат дека тој бил повикан во Основното јавно обвинителство Скопје да даде исказ во предмет по поднесена кривична пријава за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување во врска со издадена концесија.
Лицето за кое покажувате интерес на 19.11.2024 година беше повикано во Основното јавно обвинителство Скопје да даде исказ во предмет по поднесена кривична пријава за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување во врска со издадена концесија. Пријавениот се јави на закажаниот распит и даде исказ. Јавниот обвинител во предметот продолжува да презема дејствија и да врши распит и на други лица во врска со наводите во пријавата-велат од Обвинителството за „Република“.