
Нови апсења во Кочани. Приведени се началници и полицајци кои биле на смена кобната вечер. Вкупно приведени се 13 лица: Т.Д (началник на крим полиција), Д.П (сменоводител ноќта кога се случи несреќата), М.М (началник на ОВР Кочани), К.Ј (началник на економски криминал при ПС Кочани), како и М.Р (полицаец кој бил на смена вечерта на несреќата).
Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи ноќта на 16 март загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.
Од Обвинителството најавија дека соопштение ќе има во текот на утрешниот ден.