
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, познат како Путерот, бил повикан на на информативен разговор во СВР Скопје – Единица за економски криминал и корупција. Како што дознава „Република“, Николовски се сомничи за злоупотреба на јавна набавка која ја спровел додека бил министер за повеќе од 800.000 евра, спротивно на Законот за јавни набавки.
Иако во полиција бил уште минатата недела, на 7 мај, Николовски дури денеска, по објавувањето на нашиот текст, реагира на „Фејсбук“ и вели дека не се работи за прекршување на Законот за јавните набавки, ниту за пријава од земјоделци, и притоа обвинува дека „станува збор за монтиран случај, кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“.
Криминалот не се покрива со монтирани случаи. Неспособноста не се крие со напади врз туѓите успеси.
На земјоделците, винарите и на производителите што ми се јавија овие денови, ви благодарам. Вие знаете што направивме. Вие живеете од таа реформа, напиша Николовски.

Македонски



