Skip to main content

Николоски: Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, Филипче да поднесе оставка

Лидерот на СДСМ Венко Филипче треба да поднесе оставка по резултатите од локалните избори, на кои катастрофално изгуби и ДУИ, оцени денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

Македонија е обоена во црвено, ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа. Во вториот круг очекуваме уште една победа и работа – рече Николоски на партиска прес-конференција.

Убеден е дека Скопје ќе го направи вистинскиот избор и оти кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски ќе биде идниот градоначалник.

Орце води 1:3 -истакна Николоски.

Во однос на противкандидатот за град Скопје, Амер Мециновиќ од Левица, посочи дека „сме партнери со САД и НАТО“ и оти тоа е една од причините зошто напредуваме.

Ја потенцираше, како што рече, убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ во бастионот на СДСМ во Струмица и посочи дека оставката од Филипче треба да следува како морален чин.

Николоски смета дека во вториот изборен круг во општина Карпош граѓаните нема да гласаат за Стевчо Јакимовски, кој е противкандидат на Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и ДУИ во наредниот период ќе се занимаваат сами со себе – оцени Николоски.

Поврзани вести