Skip to main content

Народниот правобранител изразува сочувство за трагичниот настан во Кочани, бара лоцирање на вината и правна завршница

Народниот правобранител изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани и апелира до сите институции максимално професионално, брзо и ефикасно да ја спроведат истрагата, со цел, како што вели, овој немил настан да не остане без правна завршница. Најавува дека ќе биде отворен предмет по сопствена иницијатива во рамките на неговите овластувања во врска со овој трагичен настан.

-Народниот правобранител изразува најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, каде при одржување на концерт, во објект кој ни најмалку не наликува на дискотека, животот го загубија 59 лица, од кои најголемиот дел деца и млади. Во овие тешки и траорни моменти нема зборови на утеха за родителите кои ги изгубија своите потомци. Во оваа незапаметена трагедија згаснаа животите на млади лица кои требаше да ја претставуваат иднината на нашата држава и да бидат нашата гордост. За неколку минути, во неделата, изгубивме една цела генерација, некои од нив на прагот на полнолетството, некои идни доктори, правници, иформатичари…, се вели во соопштението од неговата канцеларија.

Тој апелира до сите институции максимално професионално, брзо и ефикасно да ја спроведат истрагата, со цел овој немил настан да не остане без правна завршница. Впрочем, нагласува, само темелна истрага во која ќе се утврди одговорноста на секој инволвиран во овој трагичен настан ќе претставува доказ дека правната држава функционира и дека сите кои се ставиле над законите и прописите соодветно ќе одговарааат.

-Ваква трагедија никако не смее да остане нерасчистена до крај, затоа што  неказнивоста и отсусутво на фукционирање на институциите на системот во изминатиот период доведе до состојба вакви трагични настани да ни се повторуваат,  истакнува Народниот правобранител.  

Од Канццеларијата н Народниот правобранилет најавуваат дека ќе отворат предмет по сопствена иницијатива, со цел, во рамките на неговите овластувања, да ги согледа сите околности на случајот, поточно да утврди дали, кога и како надлежните постапувале во врска со проверка на законитоста на работењето на фирмата која стопанисувала со објектот, од повеќе аспекти.  

Во оваа прилика, Народниот правобранител на сите повредени лица им посакува брзо и успешно опоравување. 

Поврзани вести