Skip to main content
Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ

Набавка на 120 електрични автобуси во насока на справување со аерозагадувањето како и еко системи за греење со цел зелена енергетска трансформација

Една година Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде заштитата на животната средина и подобрување на квалитетот на воздухот е еден од главен приоритети, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Изминатите 7 години СДС и ДУИ ја заборавија животната средина, немаше ниту еден проект за заштита на животна средина и ниту пак за намалување на аерозагадувањето.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ има конкретен план, визија и решенија за заштита на животната средина“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека се одобрени 229 милиони денари за проекти од областа на животната средина.

Се изработи планска програма за почист воздух 2025 -2030 за долгорочни мерки и решенија каде се опфатени сите важни аспекти за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и постои системски приод што гарантира резултати на краток, среден и долг рок.

Промовиран е првиот целосно електричен сервис за споделување на возила Car Sharing во државата, за почеток 100 возила како конкретен чекор кон одржлива урбана мобилност и намалување на загадувањето.

Во планот за чист воздух 2024–2030, се предвидува: промена на системите за греење, набавка на 80 до 120 електробуси, засадување на дрвја, и други долгорочни мерки во соработка со локалните самоуправи.

10 милиони евра за замена на системи за греење со еколошки во Скопје, Битола, Куманово и Тетово, набавка на 6 еко автобуси, кои веќе се користат во градот Скопје и садење на 6.000 дрвја во Скопје, Битола, Куманово и Тетово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека се инвестира во подобрување на водната инфраструктура на општините со преку 50 милиони евра.

Поддршка за природни вредности и водни ресурси каде Матка и Охридското езеро се прогласени за природни споменици, а Студенчишко Блато за природен парк.

Заштита на природата и национални паркови- зголемување на заштитената површина на речиси 14%, вклучувајќи го прогласувањето на Националниот Парк Шар Планина и подготовките за Јабланица.

55 милиони евра за изградба и модернизација на регионални системи за управување со цврст отпад во пет региони (Источен, Североисточен, Југозападен, Пелагонија и Град Скопје) со изградба на нови и санација на постоечки депонии, трансфер-станции и центри за рециклирање.

Во градба е најголемиот инфраструктурен проект во животната средина -Пречистителната станица за отпадни води за Скопје.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е посветена на заштита на животната средина со цел квалитетен живот на граѓаните.

Ги градиме темелите на промените. Доаѓа времето на Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани вести