Skip to main content

На собраниска комисија поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање

На денешната седница на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, поминаа предлог законите за користење на енергија од обновливи извори и за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање.

Воведно образложение по првиот предлог закон, даде претставникот на Владата, заменик министерот Мирослав Лабудовиќ.

Предлог законот за користење на енергија од обновливи извори, воспоставува современа и сеопфатна рамка за поттикнување на производството и користење на енергија од обновливи извори – рече Лабудовиќ.

Тој истакна дека донесувањето на овој закон претставува исполнување на нашите обврски кон енергетската заедница и претставува значен чекор во процесот на усогласување на нашето законодавство со тоа на Европската Унија, во областа на енергетиката и климатските политики.

Притоа нагласи дека предлог законот обезбедува услови за забрзано зголемување на уделот на енергија од обновливи извори во вкупната финална потрушувачка на енергија, како и за нивна, поефикасна интеграција во електроенергетскиот систем.

Истовремено, се создаваат предуслови за намалување на зависност од увозна енергија, диверзификација на енергетски извори и јакнене на енергетската сигурност и отпорност на државата во услови на зголемени геополитички и пазарни предизвици, подвлече заменик министерот.

На седница на комисијата, помина и Предлог законот за изменување и дополнување на законот за возила, во прво читање, поднесен од неколку пратеници. Образложение за него, даде пратеникот Тони Јаневски.

Според најавите, целта на предложените измени и дополнувања на Законот за возила е да се постигне поголема правна сигурност, доследна примена на изречените забрани и зголемена ефикасност во вршењето надзор, како и спречување на злоупотреби во вршењето на дејноста регистрација на возила.

Комисијата заклучи дека предлог законите се прифатливи и треба да се дадат на натамошно читање.

Поврзани вести