Skip to main content

МВР: Државниот секретар Петрушевски на годишен состанок за сузбивање на криумчарење на мигранти и трговија со луѓе во Западен Балкан

Фото: МВР

Македонска делегација предводена од државниот секретар и национален координатор за борба против трговијата со луѓе, Сашо Петрушевски, учествува на годишниот состанок на ударните групи од регионот на Западен Балкан, што се одржува на 7 и 8 април 2025 година во Будва, Црна Гора, соопшти МВР.

Настанот е организиран од страна на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во рамки на регионалниот проект „Заеднички активности на земјите од регионот на Западен Балкан против криумчарење на мигранти и трговија со луѓе (WBJAST), финансиран од Министерството за надворешни работи на Данска“ во насока на зајакнување на напорите за сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти, како и унапредување на регионалната соработка.

Целта на овој состанок, како што информираат од МВР, е да обезбеди платформа за стратешка дискусија, размена на искуства околу предизвиците и трендовите на западно-балканската рута помеѓу главните чинители во областа на сузбивање на трговијата со луѓе и криумчарењето на мигранти на меѓународно, регионално и на ниво на ЕУ, како и идентификација на области за зајакнување на соработката со партнерите од Западен Балкан.

Во рамките на агендата, државниот секретар ќе даде преглед на актуелните предизвици и трендови во оваа област и ќе ја презентира улогата на националните механизми за упатување во нашата држава. Присуството и активното учество на нашата делегација претставуваат значаен придонес кон креирање на ефективни и координирани решенија за справување со овие сериозни форми на организиран криминал во регионот. 

Поврзани вести