Skip to main content

Муцунски: На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Принтскрин од видео

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и министер за надворешни работи Тимчо Муцунски ја одржа вечерва првата прес-конференција по затворањето на гласачките места.

На прагот сме на голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Ќе победиме во најголем дел од општините во државата. Денес Македонија имаше мирни и успешни избори кои ги задоволуваат највисоките критериуми за демократски изборен процес. Можеби најпримерните и најмирни избори во нашата понова историја. За тоа заслугата ја имаат пред се граѓаните на Република Македонија. Им благодариме на сите граѓани, рече тој.

Муцунски им се заблагодари на македонските граѓани за одзивот, решителноста, одлучност и континуирана желба да ја наградат работата, проектите и да бидат на вистинската страна.

Очекуваме одличен изборен резултат и огромна победа која ќе биде прослава на волјата на граѓаните, но и порака до сите оние кои ја влечат на дното, на погрешната страна во целосна безидејност, без концепт и без визија. Македонија одлучи денес на тоа да стави крај, рече Муцунски.

Поврзани вести