Skip to main content

Митева: Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност, а не со политика

Портпаролот на Владата на Република Македонија, Марија Митева, денес одржа прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Одговарајќи на новинарско прашање по најавата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, за набавка на нов Владин авион, кој е ставот на Владата, таа посочи:


Зборуваме за Влада, за нешто што значи одговорност кон државниот имот, но и одговорност која не е лична или индивидуална, туку е за потребите и намената на државата.
Неодговорно е да имате опозицијата која што изминатите години апсолутно ништо не направи по однос на државниот имот, не само што не направи нешто ново туку и она што беше направено го остави некако во заборав на времето.

Дозволете ми да Ви појаснам зошто како Влада размислуваме во оваа насока:

-Неспорен е фактот дека имаме еден претседател којшто има загинато во авионска несреќа;
-Неспорен е фактот дека имаме еден претседател врз кој е извршен обид за атенат и
-неспорен е фактот дека секоја држава треба да размислува како да ги намали овие ризици.

Мораме да размислуваме за интересите на државата со разумност и одговорност а не со политика – посочи Митева.

Поврзани вести