Skip to main content

Мицковски: Нејќе овој народ да слуша политички и партиски препукавања

Нејќе овој народ да слуша политички и партиски препукавања, нејќе да гледа ни изблици на мегаломанија, ни лажни морализатори од говорници, напиша Ивор Мицковски на „Фејсбук“.

Сите што сте биле на позиции сте довеле до ова срање, а никој никогаш не одговарал, за ниедно злосторство.

Разликата денес е што тој што е на власт има шанси да апси од сите редови, да удри по глава, да проба да воведе ред.

Ако не го направат тоа и нив ќе им дојде крајот во власта, како што и на сите претходни ви дојде.

За жал на народот крајот му е одамна дојден.

Затнете си ги устите и прекинете со вашите провинциски и клановски поделби.

Милионите не ви ги ни броиме, ама мизеријата сите ви ја знаеме, истакна Мицковски.

Поврзани вести