Skip to main content

Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите што ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме

 Премиерот Христијан Мицкоски вели дека барањата на земјоделците од Струмичко, кои најавуваат протести, се легитимнии и како Влада преку механизмите што се на располагање, ќе се стори сѐ што може за да им се помогне.

–  Апсолутно ние како Влада ги поддржуваме земјоделците и нивните барања. И тука нема ништо спорно затоа што тоа се луѓето што нѐ хранат. Но, оваа година, која е исклучително предизвикувачка кога во неформални кругови се користи терминот ‘оваа година треба да се преживее’, ценам дека барањата на земјоделците се легитимни и како Влада преку механизмите што ни стојат на располагање, ќе сториме сѐ што можеме за да помогнеме. Тоа впрочем и го покажавме уште кога бевме избрани како Влада, рече денеска Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. 

Истакнувајќи дека нема добра реколта без исчистени канали за наводнување и без полни акумулации, наведе дека завршува сезоната за наводнување, а акумулациите се полни речиси 60 проценти за разлика од 7 проценти на 23 јуни кога беше избрана Владата. – Тоа не беа акумулации, беа мочуришта. Таа е разликата што направивме и што правиме ние за земјоделците за да имаме поголема реколта – оцени Мицкоски.

Потсети дека сегашната Влада наследила и состојба со неисплатени плати на вработените во „Национални шуми“ и во АД „Водостопанство“, како и неисплатени субвенции од 2020 година. 

– И, денес, од опозицијата како да имаат амнезија, сѐ тоа го забораваат и мислат дека народот им верува и без ни малку срам излегуваат во јавност и се ставаат во т.н. одбрана на земјоделците. Оние што ги уништија, буквално што ги доведоа земјоделците на питачки стап, денеска бесрамно снимаат по некое „рилче“, страв им е да се соочат бидејќи може да добијат непријатни прашања. Со камерата се снимаат и тоа го објавуваат и мислат дека на тој начин ќе добијат некаква поддршка, а притоа забораваат дека нивната репутација е нула, а кредибилитетот им е негативен. Земјоделците ја имаат апсолутно нашата поддршка, вистинските земјоделци се наши партнери и ние како Влада продолжуваме да бидеме вистински партнер на вистинските земјоделци – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на потпишувањето договор за изградба на интерконекторот со Србија меѓу АД „Номагас“ и „Рапид билд

Поврзани вести