Skip to main content

Мицкоски за избори напролет: Сè е можно, но ние сме влада избрана за четири години

Сè е можно, но ние сме влада избрана со мандат за четири години и така работиме, изјави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на прашањето дали напролет ќе има педвремени парламентарни избори.

Во интервју за ТВ Алсат-М вечерва Мицкоски рече дека политичар, без разлика дали е од власта или од опозицијата, треба секогаш да е подготвен за избори зашто никогаш не се знае што може да се случи, но и дека во политиката, рече, никогаш не треба да се каже никогаш. 

На прашање одговори дека поранешниот министер Фатмир Лимани не е „мостот“ за приближување до ДУИ и дека со лидерот на таа партија Али Ахмети не разговарал со години, а последен пат го сретнал одамна во Собранието на пратенички прашања. 

-Наш стратешки и коалициски партнер е Влен и Влен е моја преференција, рече премиерот.  

Во врска со барањата за  ветинг  изјави дека нема проблем со ветинг на сите функционери, но, рече, прво треба да се одговори зошто за да се амнестираат самите го сменија Кривичниот законик. 

-Немам ниакаков проблем, нека го прошират и на нашите семејства и на полиграф нека нè стават. Јас сум проверен како велигденско јајце, сè е проверено кај мене и кај моите најблиски, што не сум слушнал за себе дури и јас сум изненаден… Не е никаков проблем, но да имаме и одговор како се стекнува златна  виза во Дуаби, како тинејџери стануваат сопственици на трговски центри.., рече Мицкоски. 

Поврзани вести