Skip to main content

Мицкоски во посета на Граничниот премин Табановце

Премиерот Христијан Мицкоски ќе присуствува на настан по повод успешното завршување на проектите реализирани во рамки на Акцискиот документ „ЕУ против организираниот криминал, со поддршка за трговијата“ на Граничниот премин Табановце.

На настанот, како што е најавено, ќе се обратат претседателот на Владата Христијан Мицкоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски, министерот за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и амбасадорот на Европската Унија Михалис Рокас.

На царинскиот терминал Табановце, како што е најавено, ќе бидат презентирани резултатите од активностите финансирани од Европската Унија преку ИПА 2021 Акцискиот документ, со кој е обезбедена значајна поддршка за модернизација и унапредување на оперативните и технолошките капацитети на Царинската управа, а ќе биде извршено и предавање на 26 специјализирани возила финансирани од ЕУ, како и форензичка и ИТ опрема на Царинската управа, во вредност од 4 милиони евра.

Поврзани вести