Skip to main content

Мицкоски вели во Државната лотарија се злоупотребени многу повеќе од осум милиони евра

Злоупотребите направени во Државна лотарија се многу повеќе од осум милиони евра, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, не откривајќи повеќе детали. Вели дека не сака да изјавува ништо додека трае истрагата.

„Многу повеќе се од осум милиони евра“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот и додаде дека „не сака да зборува ништо што е поврзано со истрагата“.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче, пак, денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се договориле Груби да избега, наведувајќи дека сомневањата му се потврдиле по, како што рече, „контроверзните соопштенија на власта“.

„Прво беше соопштено дека заминал со дипломатско возило, па потоа дека ја поминал границата пеш и потоа дека не работеле камерите кои, рече, „знаеме дека не работат на батерии“. Сето тоа граѓаните го слушаат и секој здраворазумен ќе се посомнева дека има некаква позадина во сето тоа“, рече Филипче.

Поврзани вести