Skip to main content

Мицкоски со порака по смртта на папата Франциск: Беше глас на совеста во време на глобални предизвици

Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека со длабока тага ја примил веста за смртта на Неговата Светост, папата Франциск – духовен водач кој зад себе остава неизмерно хуман, чесен и посветен траг во историјата на современиот свет.

Неговата порака за мир, солидарност, грижа за најранливите и дијалог меѓу народите беше светлина за милиони луѓе, без разлика на верата или нацијата. Беше глас на совеста во време на глобални предизвици и неизмерен пример за човечност и морална храброст.

Папата Франциско низ годините континуирано ја изразуваше својата поддршка за Македонија – за нејзините напори за мир, соживот и почитување на различностите. Неговите зборови секогаш охрабруваа, а неговиот однос кон нашиот народ беше исполнет со топлина и почит.

Во мое лично име, во име на Владата и на граѓаните, упатувам најискрено сочувство до Ватикан, Католичката црква и сите верници кои денес тагуваат.

Вечна му слава и благодарност“, се вели во пораката на Мицкоски.

Поврзани вести