
Претседателот на македонската влада Христијан Мицкоски, кој е во САД на инаугуарацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, во Вашингтон имаше средба со еден од највлијателните американски новинари, Такер Карлсон.
Разговарав со еден од највлијателните американски новинари, Tucker Carlson. Тој е познат по своите десни конзервативни ставови и со огромно влијание во американското општество. Пријатна средба и можност за размена на мислења и ставови за Македонија и регионот. Го поканив да ја посети нашата земја“, соопшти Мицкоски.