Skip to main content

Мицкоски: Се работи на значаен проект, да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не надвор од Македонија

Facebook/Панче Тошковски

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денека присуствуваше на пуштање во употреба на целосно реконструираното Одделение за управни работи – Скопје во зградата на МРТВ.

Најпривин благодарност до сите тука што имавме можност да го прошетаме овој објект и да се потсетиме што се изгубивме изминатите 7 години додека СДСМ и ДУИ ја разграбуваа државата и ја уништиваа, а како можело да биде за помалку од година дена. Како ова сето можело да биде во пристојни услови. Исто така прошетката тука ме наврати на година дена наназад кога во овие нечовечки, нехумани услови македонските граѓани ги вадеа своите патни исправи, а тоа не потсетува на оние 7 години ужас, криминал, помижување и срам коишто го направија Владата на СДСМ и ДУИ. А сега гледате денеска во еден климатизиран убав пристоен би рекол европски амбиент македонските граѓани би можеле да дојдат до своите патни исправи – изјави премиерот Мицкоски.

Тој потенцира дека се чувствува пријатно во овие 1400 метри квадратни реновиран простор.

Оваа есен се очекува да отпочне и втората фаза на реновирање на дополнителни 1000 метри квадратни со што ќе се заокружи овој процес и да не се повторат оние турканици, гужви коишто ни се случуваа и не потсетуваат на оние 7 години тешки за македонските граѓани кога во Владата беа СДСМ и ДУИ.

Дозволете ми да ве информирам дека заедно со министерот за внатершни работи и луѓето во министерството работиме на многу значаен проект. Да обезбедиме патните исправи да се печатат тука, а не да се печатат надвор од Македонија – најави премиерот Мицкоски.

Вкупната вредност на проектот (приземје + 1 кат) опфаќа 2.300 метри квадратни, односно 48.000.000 денари. Завршена е прва фаза на проектот, реконструкција на најголемиот дел од приземјето од 1.300 метри квадратни.

Поврзани вести